Се евакуираат и скопските гимназии поради дојави за бомби
Учениците и вработените во скопските гимназии „Ѓeорги Димитров“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ се надвор од училишните објекти откако беа повикани да се евакуираат бидејќи на службените мејлови на училиштата пристигнале закани за поставени експлозивни направи, пренесува МКД.мк.
Евакуација е извршена и во неколку други средни училишта во Скопје, но се јавува и за евакуација од неколку училишта и во Куманово. Утрово закани за бомби примија основните училишта во скопската општина Аеродром.
15.12.2022 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа