Се чека нов закон во Русија: Путин ќе може да мобилизира стотици илјади луѓе против Украина

 

 

Рускиот парламент ќе донесе нов закон, кој ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да испрати уште неколку стотици илјади луѓе да се борат против Украина.

„Овие амандмани се напишани за големата војна и општа мобилизација. А мирисот на таа голема војна веќе се чувствува“, вели Андреј Картаполов, шеф на комитетот за одбрана на Думата.

Засега Западот смета дека воената машинерија на Кремљ набргу ќе се распадне, а Русите веруваат дека може да си дозволат долготрајна војна.

Кремљ сè уште располага со огромна суми пари, а најголем профит добиваат од енергијата.

Затоа се сигруни дека може да мобилизираат три-четири пати повеќе сила од Украина и не им пречи украинската контраофанзива.

И новиот закон треба да му помогне на Кремљ да избегне уште една официјална мобилизација – имено, руската влада сега може тивко да испраќа повици за регрутирање онолку луѓе колку што сметаат дека се неопходни.

Горната старосна граница за отслужување на задолжителниот рок ќе се зголеми од 27 на 30 години.

По издавањето известување за електронска мобилизација, границите на Русија веднаш ќе бидат затворени за да се спречи ново масовно иселување на работоспособни мажи.

„Путин направи многу фатални грешки, но сè додека е на чело на Русија, Москва ќе ги посвети своите сѐ уште огромни ресурси за реализација на неговата опсесија со уништување и потчинување на Украина“, заклучува „Фајненшл тајмс“.

31.07.2023 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега