СДСМ: Владата предводена од СДСМ отвора фронт против корупцијата, следува ред, правда и дисциплина
Новата ефикасна и одговорна Влада преводена од СДСМ отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, цврсто одлучна да обезбеди редот и законот да важат за сите и секаде подеднакво, велат утринава преку соопштение од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека со новата програма на Владата, поставени се јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување прецизни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители.
Велат дека транспарентноста и отвореноста се врвен приоритет, а тие ќе бидат спроведени од највисоко до најниско ниво.
„Ќе се работи на развивање на системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите, за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните. Се работи на ревидирање на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, а главната максима во неговата имплементација е нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да сноси одговорност. Сите надлежни институции како што се МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, УЈП, инспекторатите и целата извршна моќ и институции кои имаат надлежност и се платени од граѓаните да се борат против криминалот и корупцијата, редовно ќе се координираат и ќе се премостат сите пречки во нивната меѓусебната комуникација, наведуваат од СДСМ во партиското соопштение.
Од партијата потенцираат дека во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, чесни, одговорни и искрени кадри, на што во следните четири години Владата ќе посвети сериозно внимание.
„Владата предводена од СДСМ е цврсто решена да обезбеди ред, правда и дисциплина и силни, ефикасни и професионални институции и тоа ќе го стори во новиот четиригодишен мандат“ се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа