СДСМ: Секој ден се палат возила во Скопје - Тошковски е неспособен

 

Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа. Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена, обвинуваат утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.

Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад.  Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи, стои во реакцијата на опозициската партија.

13.10.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега