СДСМ: По признавањето за средбите со Палчо, Мицкоски да одговори што договарале
Мицкоски јавно ги призна средбите со Палчо, откако со денови молчеше и избегнуваше да одговори дали се среќавал со Љупчо Палевски, осомничен за убиствата што ја згрозија јавноста, истакнуваат од СДСМ.
„Палевски, како што е познато, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.
Тие заедно беа дел и од насилните протести со гилотини и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.
Заедно, со ДПМНЕ и Левица, како дел од Бојкотирам беа против против членството во НАТО“, се истакнува во нивната пишана реакција.
Мицкоски, додаваат од СДСМ, сега да одговори што разговарал и договарал на средбите со Палевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа