СДСМ: Ова е најнеспособната Влада што Македонија ја имала

 

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала. Ова го велат СДСМ преку соопштение за јавноста.

- Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните. Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел – повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот. Граѓаните секој ден гледаат – наместо работа, партиски препукувања. Наместо резултати, скандали. Наместо политики за народот, тивки борби за тендери и функции. Здравството во колапс, економијата во слободен пад, инфраструктурата заглавена. Плати за илјадници вработени во јавниот сектор не се неисплатени, проекти – нула. Не постои ниту еден реален чекор во корист на граѓаните. Владата не работи за народот, туку само за себе. А парите? Наместо да одат кај граѓаните и работниците за повисоки плати  се трошат за лукзусни овошја, папаја, манго, луксузни хотели, приватни авиони и патувања со државни делегации како туристички тури, велат од опозицијата.

Според нив ова не е Влада која работи за граѓаните – ова е организиран хаос на штета на државата.

- Оваа влада нема капацитет, нема план, нема визија. Единствено што гледаме се кавги, скандали и неспособност, додаваат СДСМ.

25.04.2025 - 09:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега