СДСМ: Мицкоски нема план и нема став

„СДСМ има обврска да го држи кормилото на државата во вистинскиот, европски правец и да ги спречи сите обиди за негово загрозување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава. Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка  реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат“. Овие пораки ги испраќаат утрово од СДСМ во соопштение доставено до медиумите.
 
„Опасноста е присутна и е се поголема затоа што оваа партија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги зема како нивни заложници.  
ВМРО-ДПМНЕ е целосно идеолошки обезличена а Мицкоски е слаб, нема став, нема визија и нема државничко чувство. 
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат план, а тоа го признаваат и високи функционери на партијата.
 
Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво Мицкоски и ВМРО--ДПМНЕ. 
Таквите потпалувачки политики  може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат, но тоа СДСМ нема да го дозволи“, стои во реакцијата на владејачката партија.
27.11.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега