СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се е во агонија, со лажни партиски агенди мислат дека ќе го сокријат изборниот пораз

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се е во агонија, со лажни партиски агенди мислат дека ќе го сокријат изборниот пораз, граѓаните ги казнија, нивните режимските политики остануваат во опозиција, велат во реакција на СДСМ на одлуките на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата велат дека колку побрзо  го признаат изборниот пораз, толку побрзо на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ ќе им заврши агонијата низ која во моментов поминуваат.

„Граѓаните  на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија политиките на Мицкоски, граѓаните дадоа црвен картон за сите кои се заглавени во матрицата на режимот на Груевски и тој факт не можат да го сокријат никакви лажни аплаузи во белата палата.

Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад.

Со лажни партиски агенди, како што е наводната промена на партискиот Статут Мицкоски неуспешно се обидува да го сокрие изборниот пораз.

Ниту Мицкоски може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада.

Мицкоски е поразен политичар, прочитана книга и од граѓаните, а се повеќе и од сопствените членови и поддржувачи.

Република Северна Македонија се ослободи, но ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробена од инсталациите на Груевски.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане во опозиција, а на Мицкоски како шпицен аутсајдер не му останува ништо друго освен да бара помош од Будимпешта, за да остане барем уште малку на климавото столче во белата палата.

СДСМ заедно со граѓаните продолжува напред, уште подобро и уште поуспешно. Нашата држава тргна по европскиот пат и враќање назад нема“ стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега