СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ се криви за блокадата на европскиот пат
Поради блокадата на опозицијата во македонското Собрание државата не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, велат од СДСМ во днешното соопштение.
Иако целосно успешно заврши процесот на скрининг, иако нема нови услови и поддршката од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна, поглавјата останаа затворени поради политиката на блокади на ДПМНЕ и Левица.
Мицкоски и ДПМНЕ се криви за блокадата на европскиот пат.
Со ДПМНЕ нема ЕУ, има изолација, неизвесност и стагнација.
Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија.
Граѓаните и конкретно се уверија дека единствен кочничар на европскиот пат е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица, велат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа