СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

 

Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста, тврдат утрово од опозициската СДСМ.

„Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но јавноста преку медиумите во Бугарија дозна дека не само што се уште има бугарско државјанство туку и целото нејзино семејство има бугарско држајанство и пасош.

Божиновска исто така се уште нема одговорено ниту за долгот на фирмите од 1 милион евра.

Граѓаните не може да имаат доверба во Божиновска кога таа ја крие вистината и ги лаже“, велат од СДСМ.

09.10.2024 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега