Само 5-мина твитерџии продуцираат 15% од вкупниот број твитови за најважните политички теми во Македонија
Петмина твитерџии, седнати во удобноста на своите фотелји, или во било кој амбиент во кој се чувствуваат „креативни“, продуцирале дури 15% од вкупниот број твитови за 10-те најважни политички теми во Македонија, пишува РАЦИН.мк.
За да биде појасно, станува збор за 15% од 40.399 објави на Твитер во 2022 година, во 11 теми од висок политички интерес, што е околу 8% од вкупниот број твитови обработени како дел од истражувањето „Опсерваторија на влијанието и имиџот на државите“ на Институтот Преспа.
Во анализата „Македонскиот дигитален пејсаж – Координиран или подготвен пристап“ се обработени 519.354 објави од 11.721 уникатни корисници, вклучувајќи ги ретвитнатите објави, цитати и одговори на објавите.
Од вкупниот број на 52 теми кои ги идентификуваше истражувањето за 2022 година, од интерес за анализа се кластерирани 11 теми кои спаѓаат во зоната на актуелен или висок политички интерес и ги опфаќаат критика на македонски политичари (и од власта и од опозицијата со 15.063 објави); Украина, Русија, Путин (7.051 објави); Македонски национални чувства, македонски јазик, македонски идентитет (4.312 објави);Град Скопје (2.447 објави); Здравствен систем (2.236 објави); Влада, Премиер, министри во Владата на Северна Македонија (2.180 објави); Бугарија Бугари и сите други атрибути што произлегуваат од овие клучни збоови (1.901 објави); Србија, српско, српски, српска, Срби, Југославија (1.601 објави); Ковид-19, вакцини и вакцинација (1.481 објави); Бензин, дизел, скапо гориво (1.091 објави); и Енергетска криза, цената на струјата (1.036 објави).
Како што може да се види, повеќе од 30% од сите објави се критика за македонските политичари и од власта и од опозицијата.
Целата анализа прочитајте ја на следниот линк!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа