Сакале да изнудат наводен долг од 50.000 евра: Приведени две лица од Арачиново

Во Скопје вчера биле лишени од слобода Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од скопското село Арачиново поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ.  Тие, како што соопшти МВР, се сомничат дека во текот на месецов во неколку наврати од лице од Скопје се обиделе да изнудат 50.000 евра како наводен долг кон еден од приведените.

-Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР. 

14.09.2024 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега