Сајкоски: Уапсените во акцијата „Мафија“ сликани со Спасовски - нов светски мафијаш добил македонски пасош

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната прес-конференција истакна дека аферата „Мафија“ покажува силна вмешаност на највисоките структури од државата во давање на логистика, поддршка и заштита на најсилните мафии, и нарко картели во Европа и пошироко.

Тој посочи дека не е само заштита и логистиката од власта на мафијата, туку скандалозно е и самото постапување на МВР на Спасовски по објавувањето на оваа афера.

-До овој момент нема ниту една, буквално ниту една објавена потерница по ниту еден од над двестата криминалци, нарко – босови и престапници кои добиле македонски пасош со украден идентитет. Наместо тоа Седат Пекер чија мрежа во Истанбул турската полиција ја апси, во Македонија полицијата на Спасовски го штити. Зошто водачот на Шкаљарскиот клан во Србија лежеше затвор поради таков македонски пасош, а во Македонија со Заев и Спасовски на власт овие луѓе не се викаат ниту на разговор. Целата афера „Мафија“ се сведе на апсење на неколку државни службеници. А, пипците на мафијата одат погоре, истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски денескa посочи две, како што рече, нови работи.

-Првата е дека и тие службеници кои се уапсени ги гледаме во друштво на Оливер Спасовски.Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со прво повиканиот во аферата „Мафија“ Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски. Втора работа која сакам да ја изнесам јавно на прес конференција, е уште еден од низата кој има македонски пасош од оние на Спасовски и Заев, а тоа е Луи Волина, фатен 2019-та и осуден 2020-та година на 6 години затвор во Шпанија за трговија на дрога, а кој при апсењето поседувал македонски пасош на друг човек со иницијали Н.М.А. Нема ден, да нема скандал, нема ден Заев да не правда некој министер кој до гуша е заглавен во криминал. Со македонски пасоши се убивале луѓе, се тргувало со дрога, сериозни картели правеле криминал. Спасовски прво треба да си поднесе оставка заедно со Заев, а веднаш потоа мора да има одговорност, нагласи Сајкоски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега