Руски војници осудени на високи затворски казни
Украинскиот суд приведе двајца заробени припадници на руските сили обвинети за учество во руското гранатирање на станбени области на истокот на Украина, соопшти денеска украинската служба за безбедност – СБУ.
СБУ во соопштението наведе дека еден од војниците е осуден на 10 години затвор, а другиот на 9 години затвор, пренесува Ројтерс.
Не беше наведено како се изјасниле и кога биле осудени, но се вели дека и двајцата се бореле во источна Украина и биле заробени минатата година.
27.02.2023 - 15:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа