Руски војници ме тепаа, ме тераа да се соблакам, ме сечеа со нож и ми се закануваа, тврди Украинка

 

 

Украинка од Херсон денеска им кажа на членовите на Претставничкиот дом на САД како била заробена од руски војници претходно оваа година. 57-годишната жена работела како сметководител и живеела под руска окупација повеќе од една година, пишува Си-Ен-Ен.

„Во јануари оваа година дојдоа по мене“, изјави таа пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом со помош на преведувач. Таа рекла дека руските војници насилно влегле во нејзината куќа, тврдејќи дека барале оружје. Притоа, тие ги конфискувале мапата и знамето на Украина, магнети за сувенири со слики од Украина и значка со сина и жолта лента што ги симболизира жртвите од Втората светска војна.

„Ми ставија пиштол на глава“

„Тоа беше нивниот доказ против мене“, додаде таа. Таа тврди дека потоа ја однеле во „комората за мачење“, каде што поминала пет дена. Таа раскажала како ја тепале, ја принудувале да се соблече, ја расекле со нож и и се заканувале со силување и убиство.

„И ме изнесоа надвор и повторно ме претепаа, ми ставија пиштол на глава и ми повторуваа како ќе ме ликвидираат. Ме принудија да си го ископам гробот. Таа потврди дека видела руски војници како мачат други луѓе и „ги вадат со црни пластични кеси на главите“.

„Мора да се стави крај на овие страшни злосторства“

Рекла дека ја пуштиле, но најавиле „дека ќе се вратат“. Руските војници и ги однеле работите од куќата.

Таа успеала да избега од Херсон и да отпатува во САД за да биде со својата ќерка, но се надева дека ќе се врати во Украина. „Јас ви ја кажувам мојата приказна, а има и други луѓе кои сега ограбуваат, силуваат и тепаат на овие територии. На овие ужасни злосторства мора да се стави крај“, рече таа.

 
19.04.2023 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега