Русите: Постигнавме значителен напредок во јужна Украина
Руските трупи постигнаа значаен напредок во регионот Запорожје, на југот на делумно окупирана Украина, изјави прорускиот гувернер, Евгениј Балицки.
Руските сили ги редат нападите долж фронтот по неуспехот на големата летна контраофанзива на Украина и во време кога западната воена помош за Украина е доведена во прашање.
„Нашите единици постигнаа значителен напредок североисточно од Новопокривка“, напиша Балицки на „Телеграм“.
„Ситуацијата е постојано напната, но нашите момци не само што ги држат одбранбените линии, туку и постепено се подобруваа“, додаде тој. Тој исто така рече дека украинската страна претрпела големи загуби“.
Новопокривка е село кое во август беше окупирано од украинска страна со надеж дека ќе ја пробие зоната преку која ќе стигне до Азовското Море. Украинската страна, пак, извести дека ги одбила руските напади во споменатото подрачје, без да прецизира никакви детали.
Украинската армија потврди дека се уште се водат борби кај Новопокривка, Авдијевка и Бахмут и во целата област Маринка и дека украинските сили се спротивставуваат на руските напади. Украинската армија извести дека спречила четири руски напади врз Купјанск и осум напади врз Лиман на север. По руската окупација во септември 2022 година, овие области беа вратени под контрола на Киев.
Херсон, на југот на земјата, кој е под украинска контрола од ноември 2022 година, продолжува да трпи руски бомбардирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа