Русија за еден ден изврши 120 напади врз Сумската област
Во изминатите 24 часа руската армија изврши 120 напади врз 34 население места во украинската Сумска област, при што се убиени четворица цивили, а поголем број луѓе се повредени.
Поради руските напади евакуирани се 70 луѓе од пограничните места на Сумска област.
Во меѓувреме регионалната воена администрација во Доњецка област соопшти дека во руските напади во изминатите 24 часа загинале тројца цивили, а 10 се повредени.
08.07.2025 - 12:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа