Русија подготвува саботажа во Северна Европа: Пристигнаа нови обвинувања за руските бродови, Москва демантира

 

 

Русија спроведува програма за шпионажа во водите на северна Европа, каде што десетици воени и цивилни бродови се осомничени за обележување на можни локации за саботажа, се вели во извадоци од документарен филм што денеска го емитуваа водечки нордиски телевизиски станици.

Кремљ веднаш го отфрли ова, велејќи дека обвиненијата се „неосновани“ и повика на транспарентна и непристрасна меѓународна истрага за саботажата на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море во септември минатата година.

Според заедничка истрага на телевизиите НРК од Норвешка, ДР од Данска, СВТ од Шведска и Иле од Финска,  Москва го користи бродот „Адмирал Владимирски“, кој е службен брод пред се за научни цели.

На крајот на 2022 година, тој брод пловел во близина на големи ветерни електрани во морето кај Данска и Велика Британија, што доведува до помисла дека станува збор за детектирање на енергетската инфраструктура.

Кога тимот на телевизијата ДР се приближил до бродот „Адмирал Владимирски“, двајца вооружени војници со маски излегле и дале знак дека се забележани, се вели во извадок од документарниот филм што денеска го објави данската телевизија.

19.04.2023 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега