РСБСП: Користете сигурносни појаси

 

Сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што можат да се врзат во возило на моторен погон и е проектиран да го намали ризикот од повреди на лицето што го носи во случај на судир или на ненадејно забавување, со ограничување на подвижноста на телото на лицето кое го носи.

Не само возачот, туку и секој патник во возилото треба да користи сигурносен појас. Придобивки од користењето на сигурносен појас се:

• овозможува заштита при нагло запирање на возилото или во случај на сообраќајна незгода,
• ја намалува веројатноста за смрт или сериозна повреда при сообраќајна незгода,
• спречува исфрлање на патниците од возилото во случај на сообраќајна незгода или превртување на возилото,
• комбинираното делување на сигурносниот појас и воздушното перниче ја зголемува безбедноста на патниците.
Сигурносните појаси се сметаат за ефективни доколку се правилно прицврстени во возилото и доколку правилно се користат. Затоа РСБСП препорачува:
• возачот, веднаш штом седне во возилото, да го стави сигурносниот појас,
• возачот да им укаже на сите патници во возилото да ги користат сигурносните појаси на секое седиште каде што се вградени,
• возачот да не започне со возење доколку патниците не ги стават заштитните појаси,
• сигурносниот појас секогаш да биде регулиран на соодветна висина, да се постави така што дијагоналниот ремен да не го допира вратот и правилно да преминува преку рамото,
• секогаш да се користи сигурносен појас, без оглед дали возилото е опремено со воздушни перничиња.

РСБСП апелира: Возачот штом ќе седне во возилото да го стави сигурносниот појас. Ништо не е поважно од безбедноста! Затоа и на возачите и на патниците им препорачуваме да користат сигурносен појас и да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот!

ВОЗИ ОДГОВОРНО! СТАВИ ПОЈАС!

21.03.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа