Рој пчели го „окупираше“ Тајмс сквер

Еден блок во Њујорк неодамна доживеа неочекувана инвазија на пчели, која брзо стана вирална откако зоологот Мајкл Бланк го сподели видеото на инстаграм.

Видеото покажува рој пчели кои летаат низ Менхетен.

Во видеото, Бланк објаснува дека некои хотели чуваат кошници на своите тераси, а кога овие кошници стануваат преполни, пчелите инстинктивно тргнуваат во потрага по нова територија.

Ова, како што вели, би можело да објасни зошто пчелите на крајот го зазеле целиот градски блок.

Загрижен за ситуацијата, Бланк веднаш ги известил локалните власти, кои контактирале со експертите за пчели за да помогнат да се спасат.

04.07.2023 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега