Робот уби работник откако го помешал со гајба за зеленчук

 

Инцидентот за кој беше известено денеска, се случил во вторникот во фабрика во провинцијата Гјеонгсангнам-до, кога 40-годишен вработен во компанијата што ги сервисира роботските машини ги проверувал сензорите на еден од нив, чија задача била да става корпи со зеленчук на лентата за склопување.

Од сè уште нејасни причини, роботската рака го помешала човекот со корпа, го зграпчила и го притиснала неговото тело на лентата. На вработениот му биле притиснати лицето и градите.

Повредениот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

„Роботот очигледно направил функционална грешка и ја помешал својата жртва за една од касетите со пиперки со која управувала“, соопшти јужнокорејската полиција.

Покрената е истрага. Фабриката го користи овој робот во процесот околу пет години. Машината била многу корисна поради недостигот на работна сила.

09.11.2023 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега