РКЕ ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 % во однос на одлуката од 31.03.2022 година.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.
Од 2.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа