Рекордна цена: Повторно поскапеа бензините и дизелот

 

По цените од над 120 долари за барел минатата недела, суровата нафта поевтинува на светските берзи. Вчерашниот ден го заврши на околу 110 долари по барел а денеска се продава за сума од околу 113 долари.
Регулаторната комисија за енергетика вчера повторно ги зголеми цените на нафтените деривати. Од полноќ и бензините и дизелот се поскапи за денар и половина. Во моментов бензинот се продава за 83.5 односно 85.5 денари за литар додека дизелот чини 87,5 денари. Ова е највисока цена на горивата по одлуката на Владата со која го намали ДДВ-то од 18 на 10% како и акцизата која е спуштена за 2 денари.
Историски највисоката цена на горивата ја регистриравме на 11 март кога литар бензин се продаваше за 95 денари а литар дизел чинеше 97 денари по литар

29.03.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега