Регулаторна одлучи: Цените на бензините остануваат исти
Цените на бензините и дизелот остануваат исти, а за половина денар се намалува само цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Тоа значи дека и следните седум дена цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75 денари за литар. Цената на дизелот останува 64,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 64 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,189 денар/килограм и ќе изнесува 39,864 ден/кг.
20.12.2021 - 12:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа