Речиси 15.000 туристи ги напуштија Хаваите
Пожарникарите продолжуваат да ги гаснат и контролираат пожарите низ островот на округот Мауи на Хаваи, се вели во соопштение од Владата, пренесува Би-Би-Си.
Во соопштението се додава дека вчера 14.900 посетители заминале со летови кои поаѓаат од Мауи.
Шест засолништа за итни случаи остануваат отворени низ островот, додека посетителите кои сакаат да го напуштат Мауи се замолени да резервираат лет со авиокомпанија.
Досега стотици жители и туристи се уште се водат како исчезнати поради пожарите кои го зафатаија овој реон, а сателитски снимки покажуваат дека брегот на островот е целосно уништен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа