Рецепт: Здрав додаток на секој ручек
Рецептот вклучува и црни маслинки, кромид, моркови и ромејн зелена салата. Ако не можете да ја најдете, можете да користите и обична марула. Вкусот на салатата дополнително го подобрува слатката пченка.
Состојки:
2 краставици
2 домати
1 главица кромид
1 куп зелена салата
1/2 морков
1/2 чаша слатка пченка
1/2 чаша црни маслинки
1 лажичка пиперка
2 лимони
2 супени лажици маслиново масло
1 лажичка сол
Подготовка:
Исечкајте ги краставицата, доматот и кромидот. Измијте ја и исечкајте ја зелената салата. Морковот изрендајте го на долги ленти, а маслинките исечкајте ги на тенки прстени. Во поголем сад еден до друг ставете ги сите состојки за салатата заедно со слатката пченка и прелијте ги со исцедениот лимон. Посолете ја салатата со сол, бибер, маслиново масло, па соединете ги сите состојки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа