Рецепт за чоколадни мафини од тиква

Совршена комбинација на состојки.

Состојки:

– 300 гр пире од тиква
– 220 гр брашно
– 100 гр сечкано чоколадо
– 100 гр шеќер
– 120 мл масло
– 60 мл млеко
– 2 јајца
– 1 лажичка цимет
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1 лажичка сода бикарбона
– прстофат сол

Подготовка:

Во сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната, циметот и солта, измешајте и оставете ги на страна.

Во друг сад прво додадете шеќер, јајца, масло и пирето од тиква, па мешајте додека не се соединат сите состојки.

Додајте ја подготвената смеса од суви состојки во влажната и матете со блендер додека не добиете мазна и хомогена смеса.

Додадете го чоколадото и промешајте.

Вклучете ја рерната на 180 степени. Во калап за мафини ставете ги корпите и рамномерно наполнете ги додека не се потроши целата смеса. По желба одозгора можете да ставите уште малку чоколадо.

Калапот се става во загреана рерна и се пече околу 20 минути.

25.10.2023 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега