Развила кашлица и треска а потоа починала од комбинација на два вида на птичји грип

 

Во Кина е регистриран еден смртен случај предизвикан од инфекција која настанала поради комбинација на два вида на птичји грип, H3N2 и H10N5.

Национална управа за контрола и превенција на болести соопшти дека станува збор за пренос меѓу видови.

Во соопштението на Кинеското министерство за здравство се вели дека постара жена развила кашлица, болка во градите, треска и други симптоми на 30 ноември, а починала за нешто повеќе од две недели подоцна, на 16 декември.

Тестирањето на блиските контакти на 63 годишната жена било негативно.

Регистрираната смрт, според Кинеската национална администрација за контрола и превенција на болести, претставува редок пренос на вирусот меѓу видовите, од птица на човек. Ризикот од вирусот да зарази луѓе е низок, додава агенцијата.

Кина има голема популација на одгледувани и диви птици од различни видови, што според Ројтерс е идеално опкружување за мешање и мутација на птичји вируси.

31.01.2024 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега