Ракометната екипа на Македонија се враќа дома со убедлив пораз од силната Данска

Македонската ракометна репрезентација ги заврши настапите на Европското првенство во Унгарија и Словачка, со трет, овојпат очекуван, пораз, со високи 31:21 од Данска.

По загубените мечеви од Словенија и Црна Гора, тимот на Кирил Лазаров ги загуби шансите за пласман во втората фаза, и остануваше уште да се одработи дуелот со големиот фаворит пред враќањето дома.

А, почетокот, беше толку добар – Македонија успеа да стигне до 4:0 водство со брза игра и одличниот Митревски на голот, но Данците бргу ја стабилизираа играта и поведоа со 7:5, пред на полувреме да имаат четири гола разлика (11:15). Второто полувреме, пак, помина целосно во знакот на Данците, и затоа дојде високиот (и заслужен) пораз.

Во другите групи, Србија исто така си патува дома откако не успеа да направи подвиг против Франција, нешто што беше јасно во првото полувреме кое го загубија со 16:7, за до крајот на мечот да стигнат до релативно пристојни 29:25. Во групата Ц покрај Франција, во втората рунда оди и Хрватска.

17.01.2022 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега