Ракетен напад врз родниот град на украинскиот претседател
Русите лансираа ракети врз градот Криви Рих на југот на Украина, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, објави дека два проектила погодиле станбени згради.
„Една ракета погоди четирикатница на образовна институција. Најверојатно, има луѓе под урнатините. Спасувачите и полицијата работат“, рече тој на „Телеграм“.
Тој додаде дека втората ракета уништила дел од шесткатна станбена зграда предизвикувајќи пожар. Тој потоа објави дека во ракетниот напад загинале две лица, а повеќе од 20 се повредени.
31.07.2023 - 18:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа