Радев одби Стојанов да биде нов бугарски министер за внатрешни работи
Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Горица Гранчарова денеска му го претстави составот на својот технички кабинет на бугарскиот претседател Румен Радев, кој изрази голема резерва во врска со назначувањето на Калин Стојанов за министер за внатрешни работи и даде рок до Гранчарова да предложи друг кандидат.
Радев изјавил дека би било невозможно да се обезбеди политичка стабилност и да се спроведат фер избори, доколку Стојанов остане на таа позиција, јавија бугарските медиуми.
Бугарскиот претседател се закани дека нема да го потпише указот за формирање нова влада, доколку тоа не се реши, а Гранчарова посочи дека нема да направи промена, поради што Радев одби да го потпише указот за формирање влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа