Радев и на Макрон му се жалеше од Македонија: Наместо политичка волја за уставни измени, тие водат уште една антибугарска кампања

 

Институциите во РСМ мора со резултати да докажат дека навистина се залагаат за евроинтеграции.

Ова го изјави претседателот Румен Радев на денешната средба во Брисел со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Двајцата разговараа за теми од агендата на билатералната соработка и во рамките на ЕУ.

Последната антибугарска кампања во РСМ, која доведе до голем број злосторства од омраза – палење и пукање врз бугарските културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари, покренува прашања за улогата и одговорноста на институциите во земјата, нагласи претседателот Радев.

Шефот на државата потсети дека и Бугарија и РСМ ја прифатија преговарачката рамка предложена во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, а вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ е задолжителен чекор пред почетокот на процесот на преговори.

„Забележуваме отсуство на политичка волја за реформи и уставни измени, а наместо тоа во државата се води уште една антибугарска кампања“, посочи Румен Радев.

Двајцата претседатели го истакнаа доброто партнерство меѓу Бугарија и Франција во енергетиката, како и изгледите за негов последователен развој,пренесе Бнт Њуз.

09.02.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега