Рачна бомба пронајдена во фабрика во Пробиштип
Вчера во 13.39 часот во Полициска станица Пробиштип, Р.Ф.(46) од Пробиштип пријавил дека во круг на фабрика, додека извршувал работни задачи, пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека станува збор за рачна бомба во кородирана состојба.
Извршен бил увид од ОВР Пробиштип.
09.07.2024 - 16:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа