Путин и се извини на пензионерка за високите цени на прехранбените производи
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се извини откако пензионерка му се пожали на високите цени на јајцата и другите прехранбени производи.
За време на традиционалната предновогодишна сесија „Маратон К+А“ на која преку медиумите одговара на прашања на граѓани од цела Русија, пензионерката Ирина Акопова е прикажана како седи на својата кујнска маса и му се обраќа на претседателот преку видео врска, пренесува Ројтерс.
„Владимир Владимирович, помилуј ги пензионерите! Не добиваме милионски пензии. Нагло поскапеа јајцата, пилешките гради и крилцата. Сметам на вас да ни помогнете“, рекла таа, пренесува Танјуг.
Според Ројтерс, Путин и се извинил на жената.
„Се извинувам за ова, но ова е неуспех на работата на владата. Ветувам дека ситуацијата ќе се поправи во блиска иднина“, рече Путин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа