Пукна столб на железничкиот мост кај Стоби – патниците се возат пола со воз, пола со автобус

Единствениот воз кој сообраќаше на македонските пруги, од Скопје до Гевгелија од вчера има проблеми на трасата откако напукнал столб на Црна река во близината на Стоби.

Поради тоа, товарниот сообраќај е во целосен прекин, а патнчкиот се одвива со премостување, односно патниците половина од патот го поминуваат со воз а потоа се префрлаат во автобус. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Железничкиот сообраќај во Македонија веќе подолг период се соочува со проблеми а вработените во овој сектор велат дека воопшто не се инвестира во инфраструктурата а поради тоа, големи се шансите земјава да остане без железнички сообраќај

15.11.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега