Пукање во супермаркет во Грција, има мртви
Едно лице е убиено, а друго тешко рането во престрелка што се случила во петокот попладне во супермаркет во Пиреја.
Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен.
Медиумите пренесуваат дека дошло до пресметка меѓу тројца турски државјани, а клиентите кои биле во продавницата во моментот на инцидентот почнале панично да бегаат заедно со вработените.
Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен.
Тамошните медиуми пренесуваат дека двајца државјани на Турција влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.
Наводно, убиениот почнал да го влече пиштолот, но не го допрел, бидејќи истрелот го усмртил на лице место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа