Пукање во парк во Сиетл, двајца мртви, еден во критична состојба

 

Две лица се убиени, а трето лице е рането во престрелка во парк во Сиетл, соопшти денеска полицијата.

Полицијата по дојавата за пукање во паркот Кал Андерсон синоќа околу 22:30 часот пронашла тројца мажи со прострелни рани и укажала прва помош додека не пристигнала пожарникарската служба во Сиетл.

Еден маж од здобиените повреди починал на лице место, соопшти полицијата.

Други две лица биле пренесени во медицински центар, каде што другиот маж починал, соопшти полицијата. Трето лице е во критична состојба.

Инспекторите трагаат по маж кој наводно го напуштил местото на пукањето пред да пристигнат полицајците.

30.04.2023 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега