Пукање на универзитетот во Алабама, на студентите им кажале да се заклучат во собите додека вооружен напаѓач шета низ кампусот

 

 

Две лица се полесно повредени во пукање пред кампусот на колеџот во Алабама, соопшти денеска полицијата.

Пукањето се случило на универзитетот „A&M“ во Алабама, во конфликт меѓу две лица, а тоа е изолиран инцидент, изјави портпаролот на полицијата Сидни Мартин.

Кампусот бил под полициски надзор, а студентите биле предупредени дека вооружено лице има во околината и им било кажано да се заклучат во своите соби.

23.08.2023 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа