Пукање на семејна веселба во Кичево: Повредено дете - итно пренесено во болница

 


Ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 - годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

22.07.2025 - 12:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега