Птичји грип на фарма во Унгарија, заразени 7.400 животни

 

 

Птичјиот грип повторно е откриен на фарма за гуски во округот Бекеш, во југоисточна Унгарија, соопшти Управата за безбедност на храна на таа земја.

Констатирано е дека оваа болест е регистрирана и кај птиците во заробеништво во областа Комаром – Естергом на северот од земјата, пренесе МТИ.

Верзијата на птичјиот грип Х5Н1 е дијагностицирана на фарма во која се чуваат 7.400 гуски во Бекеш, а убивањето на животните е веќе започнато, соопшти Управата.

Истото ги чека и болните птици во областа Комаром-Естергом. Светската организација за здравје на животните вчера објави дека Франција пријавила појава на високопатоген птичји грип меѓу црвените лисици североисточно од Париз.

08.03.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега