Први снимки од местото на трагедијата во близина на Кичево, едно лице загина

 

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево, на патот Кичево-Стража, едно лице загина, неофицијално дознава 4NEWS.mk.

Страшни се првичните снимки. Автомобилот се гледа како е паднат во река откако претходно изгубил контрола и излетал од патот.

Според првичните непотврдени информации едно лице загина, а друго итно е префрлено на скопските клиники.

Во моментов нејасно е кои се причините за несреќата. На лице место се екипи на пожарна, брза помош и полиција.

Во излекувањето на автомобилот учествува и механизација од село Колари.

01.03.2024 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега