Пронашол новчаник кој бил загубен пред 26 години- не можел да поверува дека сѐ внатре останало недопрено (ВИДЕО)

 

Австралиецот Пол Дејвис го изгубил паричникот пред 26 години во приморското село Ленокс Хед додека ја славел новогодишната ноќ на плажа.

Тој се збогувал со парите и документите.

Сепак, еден млад човек го пронашол паричник кој бил изгубен во 1994 година, на плажа.

Внатре сè  било недопрено - здравствена и студентска легитимација, кредитна картичка и сметки.

Податоците биле јасно видливи, па пронаоѓачот објавил на Фејсбук во надеж дека ќе го најде Дејвис. Братучедот на неговата сопруга ја видел објавата и веднаш го известил.

После долги 26 години, Пол го вратил паричникот во своите раце. Како што вели, сега ќе го закачи на ѕидот во неговиот бар со цел да му донесе среќа во иднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега