Пронајдена дрога кај затвореник во Штип: ја внел по викенд отсуство
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.И.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При враќање од викенд отсуство во Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде што пријавениот издржувал казна затвор, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и хероин.
26.02.2024 - 16:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа