Пронајден пасош на двојникот на Пригожин во канцелариите на Вагнер: Се користел за влез во Литванија

 

Литванската контраразузнавачка служба денеска соопшти дека пасошот пронајден при претрес на руските канцеларии на водачот на платеници Евгениј Пригожин му припаѓа на негов двојник. Тие тврдат дека во 2020 година двојникот на Пригожин го користел споменатиот пасош за да влезе во Литванија.

Шефот на Вагнер вчера полета за Белорусија во согласност со договорот со кој заврши бунтот на неговите борци.

Во неделата, рускиот медиум Фонтанка објави фотографии за кои се тврди дека се направени за време на рација на руските безбедносни служби во седиштето на канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург.

На фотографиите имало и пасош на негово име. Сликите потоа биле избришани, пренесува Ројтерс.

Руските медиуми во саботата објавија дека во канцеларијата на Пригожин била пронајдена огромна сума на пари.

Шефот на Вагнер набрзо објави дека парите се наменети за платите на војниците и трошоците за транспорт на загинатите борци од бојното поле.

28.06.2023 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега