Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во
интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. UV=6

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната
температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

 
20.08.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега