Продолжуваат жестоките борби во Судан: Договорениот прекин на огнот е прекршен
Борбите во главниот град на Судан продолжија и по 18 часот и покрај претходно постигнатиот договор за 24-часовен прекин на огнот, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска суданските паравоени сили потврдија дека го прифаќаат примирјето, по што суданската армија објави дека се согласила на прекин на воените дејствија.
„Примирјето ќе започне во 18 часот и ќе трае до 18 часот наредниот ден, со цел да се олеснат хуманитарните активности, под услов да го почитува и другата страна“, се вели во армиското соопштение.
19.04.2023 - 22:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа