Приведени тројца Албанци, претепале охриѓанец
На 19.12.2023 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Л.Ј.(25), К.М.(34) и Х.Т.(69), сите од Република Албанија.
Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице на 18.12.2023 околу 23:00 часот пред куќа на булевар „Железничка“ во Охрид, физички го нападнале А.Д.(31) од Охрид, кој го познавале од порано.
Притоа, А.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
Се работи на расчистување на случајот, по што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
19.12.2023 - 20:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа