Приведени три лица, затекнати со алат за копање на армискиот полигон Криволак


Вчера полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско.

Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

15.04.2024 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега