Приведени три лица на скопскиот аеродром, дале фалсификувани патни исправи

 


Вчера во 11.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ј.(47), Р.Г.А.(48) и еден малолетник, тројцата од Иран.

При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид дале фалсификувани патни исправи од Белгија и Бразил, а поседувале и оштетени ирански патни исправи. Лицата биле предадени во Одделението за преку граничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

21.03.2024 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега