Приведени крадци од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

 

Полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода О.Џ.(31) од Гостивар и А.А.(24) од с.Форино, гостиварско. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект во изградба одзеле градежен материјал. 

Одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок.

08.01.2024 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега